TX Nefario - шаблон joomla Форекс

Ал Ма-Савиќ ДООЕЛ

Ал Ма-Савиќ ДООЕЛ е семејна компанија со долга традиција во производството и трговија на овошје и зеленчук и тенденција на нивна промоција и пласман на странските пазари. 

Ние работиме и сме во директен контакт со производителите на овошје и зеленчук, т.е. работиме без посредници и го претставуваме првото ниво во трговијата.

АлМа Савик ДООЕЛ е сериозна компанија, која е доверлив, доследен и навремен снабдувач на овошје и зеленчук како на домашниот така и на странскиот пазар, која обезбедува достава на широк асортиман на производи како од домашно така и од странско потекло. 

Ние се залагаме за обезбедување на квалитетна услуга со доволни и разно видни количини, експидитивна испорака, и пристојна цена кои ќе бидат конкурентни на вашите маркети, кои овозможуваат тенденцииза градење на долгорочни партнерски односи со домашни и странски клиенти. 

АЛМА САВИК ДООЕЛ е лоцирана во југоисточниот дел на Македонија помеѓу двата града Богданци и Гевгелија на само неколку километри од граничниот премин Богородица. 

Поволната местоположба и медитеранската клима во комбинација со плодната почва и близината на реката Вардар, на ова медитеранско подрачје да виреат медитерански плодови. 

Како резултат на големиот број од 240 сончеви денови во годината со годишна сума од 2392 часа осончување, овозможуваат успешно производство на многу градинарски култури, во кои како специфична се издвојува зимската зелка која успева само во овој дел од Македонија. 

Плодната почва и чистата еколошка средина, поради близината на планината Кожув овозможуваат производство на еколошки чисти и здрави земјоделски и градинарски овошни култури. 

Ние низ годините имаме стекната долгогодишно работно искуство во производството и набавката на овошје и зеленчук и сме во директна соработка со најдобрите индивидуални земјоделски кооперанти како од нашиот регион така и пошироко, што ни обезбедува задоволување на побарувачката на нашите клиенти. 

Нашата компанија е секогаш отворена за соработка со лојални и чесни клиенти за долгорочна соработка за обостран интерес.

 
 
  • Кои сме ние
  • Нашата дејност
  • Зошто да не одберете
АлМа Савиќ ДООЕЛ е семејна компанија со долга традиција во производството и трговија на овошје и зеленчук и тенденција на нивна промоција и пласман на странските пазари. 
Read More

Ал Ма Савик ДООЕЛ се бави со  производство, откуп, калибрирање и пакување на овошје и зеленчук и пласирање како на домашните така и на странските пазари.

Read More

Ние низ годините имаме стекната долгогодишно работно искуство во производството и набавката на овошје и зеленчук и сме во директна соработка со најдобрите индивидуални земјоделски кооперанти како од нашиот регион така и пошироко, што ни обезбедува задоволување на побарувачката на нашите клиенти.

Нашата компанија е секогаш отворена за соработка со

Read More